Американската пејачка и текстописец од албанско етничко потекло Биби Рекса, а по мајка и татко од Македонија, ги просветли своите обожаватели на Инстаграм што подразбира под Албанија, во која ја смести и (цела) Македонија, но ја „заборави“ Чамерија во Грција.



„Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора, Прешево, за мене сите тие се мојата Албанија“, напиша таа, под Прешево веројатно мислејќи на Прешевската Долина.

„И покрај сите граници!!!! Тоа е убавината на Албанија“, додаде пејачката родена во Бруклин, Њујорк, пред 34 години како Бљета, чиј татко Фљамур е роден во Дебар и емигрирал во САД на 21 година, а мајка ѝ Букурие е родена во САД во албанско семејство со корени од Гостивар.