Оскаровката Хали Бери (51) прошета во прекрасна и опасно провокативна комбиниција на црвениот килим на филмскиот фестивал во Торонто. Отворениот горен дел, секако, многумина остави без текст.




Холивудската актерка се одлучи за костим со екстра длабоко деколте и веднаш им стана омилена на сите присутни фоторепортери. Иако покажала повеќе од вообичаено, сè, според присутните, останало во нормала на границите на добар вкус.
Убавата Хали неодамна изјави дека во моментот нема никој освен децата и дека е целосно посветена на нив. Што се однесува до љубовта, актерката ја чека  нешто убаво „да се случи“.