Синот на Шилегов отвора уште едно кафуле во Скопје

Синот на ексградоначалникот Петре Шилегов, Иван, отвора нов кафе бар кој ќе биде лоциран во новиот шопинг мол во близина на кулите „Џевахир“, дознава Независен.



 

На социјалните мрежи веќе се појавија објави на кои се рекламира новиот локал, името на кафулето е „Бабилон“.

 

Синот на ексградоначалникот, од пред две години е сопственик и на кафуле лоцирано во трговскиот центар „Ист Гејт“, а неофицијално тој менаџира и други бизниси лоцирани во Скопје.