Одлуката на американскиот претседател во заминување да ѝ дозволи на Украина користење американски ракети со голем дострел против цели во Русија, ја коментираа и луѓето околу новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп.
Илон Маск, кој во мандатот на Трамп ќе го води Одделот за ефикасност на американската администрација, се вклучи во дискусијата на социјалната мрежа X.
На статусите во кои се наведува дека „либералите ја сакаат војната“ Маск напиша „вистина“.
Одлуката на администрацијата на Бајден ја коментираше и синот на Доналд Трамп, кој остро го критикуваше овој потег.
„Се чини, дека воено-индустрискиот комплекс сака да се погрижи да започне Третата светска војна пред татко ми да добие шанса да постигне мир и да спасува животи. Тие мора да спасат билиони долари.
Проклети да стеимбецили“, објави Доналд Трамп Џуниор.






