Симулацијата на резултатите од советите на општините покажува дека сегашната владина коалиција, доколку овие гласови се пресметаат според донтовиот модел за парламентарно пребројување, би добила 71 место во Собранието.
Според симулацијата на агенцијата Рејтинг нарачана од емисијата 360 на Алсат – М, ВМРО – ДПМНЕ би добила 10 пратеници помалку а СДСМ 4 повеќе.
„ Ако ги тргнеме независните листи и демократска партија на Турците, коишто според оваа симулација би освоиле по еден пратеник, меѓутоа на тоа на следни парламентарни избори не може да се смета бидејќи најверојатно и листите и демократска партија на Турците ќе одат во коалиција, разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ би била 12 пратеника.“, вели за 360 Никола Спасов од агенцијата „Рејтинг“.
Симулацијата за вкупно освоени мандати

Според симулацијата ДУИ би имал 12 мандати наместо 10, што заедно со СДСМ прават доволно мнозинство од 65 пратеници. БЕСА повторно би добила 5 пратеници како во декември, но Алијансата за Албанците сега би имала 6 наместо 3-те мандати кои ги освои лани, со што станува втора најголема партија во албанскиот блок. ДПА, би добила еден, наместо сегашните два пратеника.





