„Скандалозното обележје, со кое се велича фашистичката окупација на Струга, после пет месеци од поставувањето го снема од пред влезот од општинската зграда. Рамиз Мерко го симна, воочувајќи дека со промена на власта, се промени и начинот на постапување на правосудните органи, кои после шест години ги извадија од фиока сите кривични пријави против него. За спомен-плочата, која беше поставена без одобрение и надвор од сите законски процедури, основното јавно обвинителство оформи предмет врз основа на пријава од советниците од ВМРО ДПМНЕ.“ – објави ТВ Алфа. Инаку, старата зграда на основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Струга, каде што по реконструкцијата се смести Општината, доби спомен-плоча испишана само на албански јазик, со која се велича фашистичката окупација на градот, кога Кралството Албанија го востановило албанскиот јазик како службен во Југозападна Македонија. Текстот на еднојазичната табла, на албански јазик, во превод го содржеше текстот: „Основно училиште „Конгрес во Битола“ и датумот на негово отворање 1.септември 1941 година.
ТВ Алфа објави: „Ние остануваме на ставот дека кривното дело е веќе извршено и обвинителството е должно да поднесе обвинение против градоначалникот како сторител на кривичното дело, а Основниот суд во Струга да донесе осудитела пресуда, со која ќе го огласни за виновен и ќе му изрече најсторога санкција пропишана со закон.Само на овој начин ќе се воспостави судска пракса со коај ќе се спречи во иднина таквото спомен обележје да биде поставено на општинската зграда, но и ќе се спречи во иднина на територијата на Република Македонија да никнуваат скандалозни споменици и спомен обележја со кои што се поттикнува и разгорува омраза, раздор и нетрпеливост по било која основа и со кои се загрозува уставниот поредок на Република Макеоднија.” – вели Ален Деребан од Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Струга
Поврзано со овој случај, директорката на струшкото осниовно училиште „Браќа Миладиновци“ Албана Жута на училишниот патронат ја забрани македонската химна и одржа говор, величајќи го фашизмот. ВМРО ДПМНЕ поднесе кривична пријава, потпишана од околу 200 поднесители, меѓу кои родители на учениците, но и наставници од училиштето. Ова не е прв испад на директорката, која Мерко незаконски ја постави.
„На прославата организирана по повод денот на албанското знаме од нејзина страна беа истакнати симболи со картата на територијата на Велика Албанија со делови од територијата на Република Македонија“ – вели Деребан.
„Очекувме основното јавно обвинителство брзо да покрене обвинение не само за спомен-плочата на оштинската зграда и инцидентот во “Браќа Миладиновци” туку и за 3,5 метарски споменик посветен на Косово лоциран на кејот на реката Дрим. Мерко веќе седна на обвинителна клупа за набавката на луксузниот автомбил ауди А6 и за незаконското поставување директори во училиштата во Струга и Струшко.
Home Македонија Симната скандалозната спомен-плоча пред влезот на општинската зграда во Струга, со која...





