Сиљановска Давкова вечерва при учество на настан по повод 20- годишнината од постоењето на Центарот за Истражување и Креирање Политики (ЦИКП), на новинарско прашање потенцира дека не смета оти го прекршила Преспанскиот договор.
-Јас ја потпишав изјавата со актуелното име, името од Преспанскиот договор. Меѓутоа, јас исто така верувам во слободата на изразување на мислата, слободата на самоидентификација и слободата самоопределување која не само што може да биде колективна и да се однесува на народите, туку може да биде и индивидуална. Значи, за мене, слободата на мислата како дел од Универззлната декларација за слободите и правата, како дел од Конвенцијата за заштита на слободите и правата, како дел од Конвенцијата на ЕУ за фундаментални права, им овозможува на луѓето да се изјаснуваат по сопствено наоѓање и јас не гледам тука дека сум го повредила Преспанскиот договор“, изјави денеска Силјановска-Давкова.
Впрочем и во самиот Преспански договор јасно стои дека во документите, во комуникацијата ќе се употребува името од Преспанскиот договор, додаде таа и потенцираше дека не се направила никаква повреда при договорот.





