Управниот суд вечерва го потврди приговорот на кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска и ја одби тужбата на Академијата за судии која сакаше да вработи 130 судии и обвинители во тек на изборниот процес.
Одлуката на Управниот суд е конечна и Академијата за судии и обвинители нема право на жалба.
Постапката за полагање испити и засновање на работен однос на 130 слушатели за судии и обвинители се запира!






