Демократија се мери по улогата на жените и на највисоките политички функции, вели кандидатката за претседателка на државата Гордана Силјановска Давкова.



„Признавам ќе се опкружам со жени, не за да покажам дека сум радикална феминистка, туку за да им укажам на мажите дека се откажуваат од многу ум, знаење, креација и посветеност, кога велат дека не се влегува во политика со квоти. Значи, ако има жена претседателка ќе се идентификуваат со неа и ќе бидат не само успешни на работа, дома, туку и во политиката, оти политиката е од женски род“, рече Силјановска на вчерашниот митинг во Битола.

За нејзината улогоа како иден претседател Силјановска рече дека ќе биде поблиску до граѓаните.

„Јас ќе ја вратам канцеларијата на претседателот во Битола. И нема да ја оставам празна, туку ќе доаѓам тука.

Ќе отвоорам и други канцеларии низ Македонија. Нема да се одметнам во планината, туку ќе слезам во долината“, рече Силјановска.