„Немав многу време да го следам говорот на господинот Стево Пендаровски, но фатив неколку инсерти. Рекол дека ми ѕвонел на телефон за да ми честита, ама за жал, сум го заборавила телефонот дома“, рече Гордана Сиљановска Давкова.



Пендаровски, на синоќешната прес-конференција од „Александар палас“ го призна поразот на двојните, и им честиташе на, како што кажа, победниците.

„Резултатите се јасни и немам намера подетално да ги образложувам, сакам да им честитам на победниците и да им посакам успешна работа во следните четири, односно пет години“ изјави  Пендаровски.

„Мојата совест е мирна. И натаму верувам дека Македонија може да успее само како мултиетничка држава интегрирана во ЕУ“ вели Пендаровски според кој граѓаните не го разбрале неговиот концепт.

Пендаровски најави дека ќе се врати да предава како професор на факултет каде што беше и претходно, пред да биде избран за претседател во 2019 година.