Професорката Гордана Силјановска Давкова која е кандидатка за претседател на Македонија од ВМРО-ДПМНЕ објаснува зошто Пендаровски не дава отчет за ветеното и оствареното.
Таа го осудува говорот на омраза кој се случи пред нејзиниот противкандидат Пендаровски и вели дека власта која го кандидира не реализира политики туку ги разградува државните ресурси.
,,Ако нема креирање политики, тогаш нема да има ни реализирани програми. Ако се грабаат ресурсите нема да дојдат на вистинското место и затоа стигна оценката од Фридом Хаус: цикличено-хибриден режим.
Ние правниците велиме дека има дела со чинење и нечинење. Молкот кога се случуваше тој настан многу зборува и не знам дали можам да го окарактеризирам тоа, ама таков говор на омраза не доликува на ниту една сериозна партија, а ниту на социјалдемократска партија.
‼️ Кога одите во втор мандат, ако сте успешни треба да кажете дека се што сте ветиле, сте оствариле. Ама, ако немате отчет, а немаат ниту една страница да пополнат со отчетот, мислам дека е јасно дека не работеле на потребите на граѓаните и затоа се делегитимирани”, објави Силјановска на предизборен митинг одржан вчера.






