Тезата за „едно општество за сите“ е целосно погрешна и нелогична, вели кадидатката за претседател на државата поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкока.



Според не ние имаме две општества и тие не живеат заедно, оти лидерите на тие општества склучуваат договори врз основ на бизнис-политика.

„Ви ветувам дека како што достојно сум се однесувала во образованието, како што сум ги почитувала студентите, сум им се посветувала, сум сочувствувала, сум ги учела и сум учела од нив, така ќе се однесувам и со политичката функција“, вели професорката и кандидатката за прва жена прретседател на Македонија.

Силјановска пак му „фрли ракавица“ на нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски за кого рече дека на претседателските кампањи пред пет години изгубил на сите дебати.

„Нека одбере место, нека одбере формат и пак ќе го победам“, рече Силјановска.