Претседателка на Македонија Гордана Силјановска Давкова и бугарскиот претседател Румен Радев не се видоа утрово во Ватикан, иако и двајцата имаа аудиенција кај папата Франциско на 24 мај, јави бугарски „Сега“.
Силјановска рече дека нема да има средба со бугарскиот претседател Румен Радев, бидејќи двете делегации имаат набиена агенда која мораа да ја следат.
„Позитивен знак е што претседателот на РСМ покажа желба за ваква средба“, одговори Радев на прашањето дали е побарана средба во Рим, пренесе „Сега“.
Аудиенцијата кај Папата Франциск се одржа во различни термини – доволно за да се разминат и покрај првично искажаната волја да се сретнат, јави „Телма“.
Извори за Телма од претседателскиот кабинет брифираа дека целта на Гордана Сиљановска–Давкова е да покаже подготвеност за водење конструктивна надворешна политика, а средбата со Радев би била во насока на подобрување на односите помеѓу двете држави.
Неусогласеност на агендите е причината што не се сретнаа.
„Неофицијално дознаваме дека условот на Бугарија бил средбата да се одржи во бугарската амбасада во Италија“, јави дописникот на „Телма“.





