Силјановска за МТВ: Бугарското вето не е само македонска приказна, ќе го загрози Западен Балкан и цела ЕУ

Бугарската блокада на македонскиот пат кон ЕУ не е само македонска приказна туку опасност да се загрози од идната на Западен Балкан и цела Европска Унија порача вчера претседателката Гордана Сиљановска Давкова во интервју за МТВ.



Во интевјуто таа откри дека на бугарскиот претседател Радев со кого се среќава три пати за три месеци и гради добри односи му ги пренесла македонските позиции за одложен Вакацио Легис односно одложено дејство на уставните измени до ратификацијата на влезот на Македонија во ЕУ од страна на бугарскиот парламент.

,,Бараме Вин Вин состојба, не смееме да ги излажеме граѓаните, го бранам националниот интерес но не со скандали туку со почит”, изјави претседателката Гордана Сиљановска Давкова откривајќи дека директорот на Бугарската опера Пламен Карталов во книга за културната дипломатија објавил цела глава која се однесува на посетата на Силјановска Давкова на бугарската опера во Скопје и на посетата на Силјановска Давкова на настапот на македонската опера во Софија.

Запрашана што мисли Радев кога зборува за блиска иднина и договор во контекст на спорот со Македонија претседателката порача дека според тоа што го гледа од средбите со европските лидери
политичарите од ЕУ ги разбираат нашите позиции.

Таа очекува до крајот на годината да се остварат ветувањата од тие што признаваат дека Македонија сторила доволно и сега на ред е ЕУ да помогне за да се дојде до компромис.

Ако бугарската страна постојано вели дека Македонија има проблем ЕУ во контекст на преговарачката рамка Силјановска Давкова очекува од сериозни политичари да се држат на зборовите затоа што ЕУ мора да ги спроведува своите принципи содржани во Договорот за ЕУ, Конвенцијата за фундаменталните права и другите основни документи на унијата.

,,Ако не е така тогаш ЕУ заборава на своите принципи. Овој преседан нема да биде само македонска приказна туку ќе ја загрози иднината на Западен Балкан но и на ЕУ затоа што нема да одговори на предизвиците на новата ера. Потребен е плурализам а не унилатерализам, ЕУ може да биде конкурентна само ако стане Европа со сите што се историски и културно дел од Европа”,смета Сиљановска Давкова.

Причината зошто Македонија сега се соочува со ова блокада е во тоа што сегашната власт а тогашна опозицијата не беше прашана за Францускиот предлог кој го прифатија СДСМ и ДУИ кои немааа легитимитет да ја прифатат преговарачката рамка.

,,Сега сите велат дека државата ја прифатила рамката а всушност биле само две партии. И оваа власт треба да има консензус за сите важни прашања”, смета претседателката.

Сиљановска Давкова смета дека тоа што го нуди Македонија сега е разумно и логично. Граѓаните според неа се уморни, постојано им се додаваат услови за почеток на преговори. Нема логика со референдумското прашање за промена на името да се нуди членство во ЕУ а сега да се нуди почеток на преговори ако се усвојат уставните измени, смета шефицата на државата.

Сиљановска Давкова предлага со Бугарија и ЕУ да се најдеме на половина пат во интерпретацијата на рамката а за тоа има простор затоа што протоколите не се меѓународни договори. Таа прашува
што ќе се случи ако двете историски комисии отворат простор за дополнувања на преговарачката рамка.

Во договорот за пријателство меѓу Скопје и Софија нема барање за влез на Бугарите во уставот а компромисот би довел до тоа Бугарија да добие почит од македонските но и од бугарските граѓани, смета Силјановска Давкова за која не е прифатливо научните историски комисии да бидат под капа на политиката. Не смее протоколи на комисии да влијаат на уставни промени, смета претседателката.

Нека стои тој протокол но прашањата во него не смеат да бидат надвор од Копенхаген критериуми кои се водич на патот кон ЕУ а протоколите не смеат да се користат за вето и блокади, изјави Сиљановска Давкова во интервјуто за МТВ.

Претседателката откри дека според извештаите на ЕУ Македонија во многу параметри е подобра од нашите соседи дури и од некои членки на ЕУ.

Македонија во некои критериуми е подобра од сите кандидати и вкупно од 10 земји меѓу кои има и ЕУ членки, рече Сиљановска Давкова откривајќи дека за теми медиумите и коруцијата Македонија е подобра од Унгарија, Албанија, Украина, Србија….

Во делот на владеење на право Македонија е подобра од сите земји аспиранти плус две земји членки на ЕУ се на дното според листата на Ворлд Џастис за 2023 година, вели претседателката цитирајќи и извештај на Херитиџ за економски слободи на кој Грција е на дното на листата.

Сиљановска Давкова вели дека во врска со Човекови права и малцинства од извештајот на ЕУ се поставува прашање дали многу членки можат да почнат преговори по овој критериум.

Таа смета дека Венецијанската комисија можеби нема да го дозволи тоа затоа што има членки на ЕУ кои не ја потпишале или ја ратификувале рамковната а некои наши соседи воопшто не ја ратификувале конвенцијата за национално малцинства.

Во врска со седумте амбасадори за кои е потпишан указ за враќање Сиљановска Давкова објави дека тие не се вратени предвреме туку им завршува мандатот.

Претседателката откри 5 имиња нови членови на комисијата за помилување и рече дека ако се толкува законот соодветно еден од помилуваните, екс градоначалникот на Битола Талевски не смее да биде во затвор затоа што во кривичниот законик веќе не постои ставот од делото за кое е осуден.

Целото интервју на МТВ со претседателката Гордана Сиљановска Давкова на овој линк

https://mrt.com.mk/node/119471