Доколку биде избрана за претседател, кандидатката Гордана Силјановска Давкова вети дека нема да дозволи надвор да не’ претставуваат оние кои немаат дипломатска кариера, ниту оние кои не се горди на својата држава.



Во таа смисла вели дека приоритет на нејзиниот мандат ќе биде и преиспитувањето на амбасадорите кои ја претставуваат државата во странство.

„Ќе ги разгледам статусите на сите амбасадори во странство. Меѓу нив има и достоинствени и кои направиле кариера и одговорно го чуваат ликот и гордоста на Македонија, а има и такви кои не’ срамат.

Крајно време е само најдобрите да заминат во странство“, рече Гордана Силјановска Давковка, како што пренесе „Телеграфи“ .

Како што вели, должност е кога зборуваме за уставни измени и со претставниците на ЕУ да ги знаеме принципите на ЕУ, вели Силјановска.

Отсекогаш сме биле дел од ЕУ. заслужуваме да бидеме дел од ЕУ, Ве молиме третирајте не како партнери, не како судија во однос на обвинет. ЕУ ќе има корист од нас, не само во работната сила, туку и во поглед на соживотот. Ние надвор не смееме да ги забораваме националните интереси.

Не оди надвор, ако немаш решение дома“,.порачува Силјановска.

Ќе се обратам пред Парламентот повеќе пати во годината, не само за Нова година. И ќе ги прашам и од опозицијата што треба да направиме да излеземе надвор со заеднички предлози.

Претседателот мора да докажува дека секогаш ќе се бори за добри закони. Добри закони се уставни закони“, вели Сијлановска.