Силјановска Давкова: Власта наместо да пласира идеи, проекти, jа троши енергијата во ветар, во навреди и негации

„Зошто се кандидирав повторно? Тоа го сторив од повеќе причини. Прво, поминав за време на овие четири години низ школата на демократијата како велат Англичаните за Парламентот. Мислам дека многу работи сменив, покажав таму дека пратеникот може да ги претставува граѓаните и да гласа по сопствено уверување“, истакна Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.



„Времето што го живееме е поинакво од 2019-та година. Се покажа дека во политиката влегле или на функции се нашле луѓе кои не можеле да ги антиципираат процесите, односите и настаните. Тоа се луѓе аматери. Мислеле дека ако ја направиме оваа отстапка од утре се отвора патот кон ЕУ, и нема да има никаков проблем. И страшно е кога уште веруваат дека се на правиот пат“, заклучи таа говорејќи дека власта и нанесе голема штета на Македонија со договорот за добрососедство со Бугарија, и тоа е една од причините зошто се кандидира пак за претседател на Македонија.

Силјановска Давкова додаде дека таа во саботата говорот го започна и го заврши со повик за единство, со повик за натпартиско однесување, со повик на заборавање на разликите што се остри кога се работи за државни и за национални интереси, со повик до граѓаните како индивидуи, а некако војници, членови, симпатизери на партии. И немаше крај на нејзиното изненадување кога вечерта гледа дека има реакција на нејзината кандидатура. Такви феномени особено од власта не постојат во општеството, нема ништо западно во нив во кое што тие се колнат. Трагикомична е нивната реакција.

Таа укажа дека власта наместо да пласира идеи, проекти, планови, таа ја троши енергијата во ветар, во навреди и негации.

Во текот на интервјуто таа се осврна на хаосот со патните исправи кој го создаде власта. Силјановска Давкова рече дека со оваа одлука на власта се кршат човековите права. Власта ги произведе овие проблеми.