Силјановска Давкова вети дека ќе остане блиска до народот

После секој митинг се чувствувам помлада, поумна, посигурна, подостоинствена и погорда заради вас, рече кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова на вчерашниот митинг во Карпош.



Таа рече дека е иста како сите други во публиката, дека сака да оди на пазар, да се движи пеш, да седне на кафе, а не е како што рече, другите кои се сметаат за „политички богови“.

– Јас ќе си останам ваква каква што сум, ќе бидам блиска до народот бидејќи мојата инспирација се моите студенти – рече Силјановска Давкова.

Видеото погледнете го тука.