Новоизбраната прва претседателка на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, го честита Денот на победата над фашизмот 9 Мај со спомнување на еден од учесниците во македонската Народноослободителна борба, нејзиниот татко и одликуван партизан Александар Силјановски.



Пред претходните претседателски избори во 2019 година Силјановска го наведе својот татко како инспирација за вклучување во трката за шеф на државата.

„Ова е Александар Силјановски (лево). Мојот татко. Тој е инспирацијата за мојата кандидатура. Александар во НОБ отишол на 19 години. Бил борец во Македонско-косовската ударна бригада, курир на Петар Браевиќ, учесник во Февруарски поход и делегат на Младинскиот конгрес во Фуштани, Егејска Македонија. На сликата носи 3 ордени. Едниот за ослободување на Кичево (прво ослободен град во Македонија) и два за битки во Февруарски поход. Александар се бореше за македонска држава! Јас не отстапувам од неговиот пат“, напиша тогаш Силјановска на Фејсбук.