Во одговот на украинскиот претседател Володимир Зеленскикој повика на создавање на европска армија, велејќи дека Европа повеќе не може да се потпира на заштитата на Соединетите држави и дека ќе добие почит од Вашингтон само со силна армија, полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски во интервју за државната телевизија негираше такво нешто, пренесе Ројтерс.
Сикорски предупреди дека „мора да бидеме внимателни со овој термин, бидејќи луѓето разбираат различни работи“.
Ако тоа значи обединување на националните армии, тоа нема да се случи, рече Радослав Сикорски и додаде дека се уште ја поддржува идејата ЕУ да ги развива своите одбранбени капацитети.
За присуството на полски трупи на теренот во Украина „не е предмет на дискусија бидејќи должноста на Полска кон НАТО е да го брани источното крило, односно сопствената територија“.





