Свој коментар за враќањето на српските дипломати од Скопје и инцидентот меѓу Македонија и Грција деновиве даде и принцот Антоние, кој се претставува како „неговото империјално височество“.
Големиот Кнез на Србија во неговата порака не нарекува „Државата Скопје“ и целосно ги одобрува постапките на Србија.
Според него Македонија постојано водела непријателска политика кон Србија со тоа што го признала Косово и гласала за него во светските организации.
Тој целосно се согласува со планот Србија да го смени односот кон Македонија и да почен да ја нарекува ФИРОМ. Причините се во тоа што односите меѓу двете земји станале „екстремни“ а „мајката Србија“ со ништо не предизвикала инциденти.

Принцот Антоние кој има титула „Шеф на империјалната куќа на Србија“ живее на Крф и е исклучително близок со грчкотокралско семејство на чие барање најверојатно ја дал оваа невообичаена изјава која што во оргинал е објавена на грчки јазик.



