За денеска е најавено најмасовно гаснење на пожарот на Серта од воздух и од земја, информираа вечерва од Кризен штаб од Неготино.



Помош ќе пристигне и од Србија која испраќа противпожарен хеликоптер „Камов К-32“ со капацитет од пет тони вода, со седум припадници на Министерството за внатрешни работи, Хеликоптерската единица и припадник на Секторот за вонредни ситуации, се наведува во објавата на министерството за внатрешни работи на Србија.

„Кризниот штаб на општина Неготино и вечерва во проширен состав одржа состанок на кој беа координирани активностите предвидени за утрешниот ден, а во врска со гаснењето на пожарот на планината Серта. Најавено е дека утре од воздух ќе се дејствува со четири хеликоптери и три авиони за гаснење пожар, додека од земја ќе дејствуваат припадници на АРМ, МВР, ЕБР, пожарникари од повеќе градови, јавните комунални претпријатија, Национални шуми, ловџии и други доброволци“, соопштија од Кризниот штаб.

Се планира активностите за гаснење на пожарот да започнат во раните утрински часови.

Пожарот на Серта избувна во средата околу 10.30 часот.