Се уредува фрескописот во црквата Свети Константин и Елена – донираше и бизнисменот Анѓушев

Од Скопската епархија, при Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, информираат дека во изминативе 6 месеци интензивно се работи на внатрешноста на храмот „Свети рамноапостолни цар Константин и царица Елена“, во центарот на Скопје: се фрескоживописува и се привршува проектот за изработка на иконостасот и подот, а останува да се изведе електриката и да се уреди просторот околу храмот.



„Фрескописот и другите потребни работи се извршуваат од донации, но за целосно довршување на храмот ќе биде потребна дополнителна помош, па се очекува да помогнат и верниците, стопанствениците, приватните бизнисмени како и сите луѓе – добронамерници.

МПЦ имаше и минатата година повик, и токму овие фрески сега што се направени се од донации од Кочо Анѓушев како физичко лице. Тој меѓудругото бил мотивиран од тоа што и тој самиот, а и неговиот внук и внука го носат името на светците.

Новиот храм се гради во спомен на урнатиот од земјотресот, и е во целосна сопственост на Скопската епархија, со сите подмирени долгови од порано кон изведувачот на градежните работи, кој долгот го пријави дури по неколку години“, се истакнува во напишаното.