Се трошат последните резерви нафта за автобусите на ЈСП, ќе останеме ли пак без превоз?!

Се трошат последните резерви нафта за градските автобуси на ЈСП. Ова следи откако пропадна претходниот тендер каде итно интервенираше Владата од стоковите резерзи. Денеска е последниот рок од тендерот за набавка на гориво по скратена постапка и со директно преговарање од страна на ЈСП, објави МРТ1. Тендерот за набавка на нафта заглави во Бирото за јавни набавки, а од Град Скопје реагираа дека ова е прв тендер поништен на ваков начин. Привремено е надминат проблемот со горивото.



Наскоро ќе се знае дали и колку добавувачи се пријавите на тендерот со цел да се реши проблемот со горивото. Директорот на ЈСП Драги Кушовски во телефонски разговор за МТВ вели дека засега нема информации дали некој се пријавил. Се уште било радно да се каже како тече постапката. Инаку, на претходниот тендер имало пријавено само една компанија, но поради некомплетна документација понудата била одбиена.

И додека се чека решавање на проблемот, граѓаните ни криви, ни должни долго време чекаат автобус.

  • Катастрофа. Ова е невидено, срамота е во 21 век да зборуваме за јавен превоз. Мислам сите граници се преминати, ова веќе не личи на град, срамота на кое дереџе падна Скопје, реагираат граѓаните.

Паралелно, приватните превозници се вратија на скопските улици, ама гужвите во автобусите и натаму ги има оти фалат автобуси. Засега не возат само на неколку линии, но не се исклучува можноста тие цеосно да се вратат во сообраќај.