Се трага по убиецот кој вчера истрелал 8 куршуми во колега-студент во Штип (ВИДЕО)

И жртвата и лицето кое пукало во синоќешната престрелка во кафуле во Штип се  студенти од Турција.



Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип ноќеска вршеше увид на локација во кафе бар каде едно лице беше лишено од живот со истрели од огнено оружје.

По крвавиот чин, осомничениот бил пресретнат од полицијата кај Миладиновци, но тој во бегство ја пробил наплатната рампа и покрај тоа што полицијата отворила оган. Неколку километри потоа убиецот го напуштил возилото оставајќи го на автопатот. Потрагата е во тек.

TВ Стар од Штип објави снимка од синоќешното пукање со пиштол во кафуле во градот при што било рането едно лице.

Како што информираа од полицијата, повреденото лице е префрлено во болницата во Штип, а се трага по напаѓачот.

 

 

На видеото од кафулето во Штип се гледа како осомничениот влегува во тоалет по што излегува и пука во колегата студент по што бега, а други лица се обидуваат да му помогнат на повредениот.

Содржината на видеото е вознемирувачка.

Во Штип во кафеана вечерва убиен студент со осум куршуми (ВИДЕО)