Се сруши рингишпил во Србија, неколку деца повредени

Во српскиот град Куршумлија денеска се случила несреќа кога на локалниот саем се урнала конструкцијата на рингишпил, а според некои медиуми, повредени се 13 деца, но според други медиуми, шест деца, пренесува српски Б92.



Животот на едно девојче наводно е во опасност и има сериозни повреди на главата и на рбетот, а и едно 13-годишно момче наводно е во кома, но постојат конфликтни информации за бројот на повредените деца и за сериозноста на повредите, според објавата на Б92.