Се сретнал ли албанскиот премиер Еди Рама со бегалецот од македонската правда Артан Груби?
Дали неодамна имало средба меѓу екс вицепремиерот во македонската влада Артан Груби и актуелниот премиер на Албанија Еди Рама или на социјалните мрежи се појави фотографија од нивна страна која е постара?
Ова е дилемата откако на социјалните мрежи беше објавена фотографијата од која не може да се заклучи кога и каде се сретнале Рама и Груби.
Според алатката за Вештачка интелигенција на социјалната мрежа Х поранешен Твитер која се вика ГРОК (GROK) средбата се случила во Мај оваа година.
Доколку тоа е точно тоа би значело дека Еди Рама има сознанија каде се крие Артан Груби и не сака да го врати во Македонија каде е барам за направен криминал додека беше вицепремиер.
Што вели ГРОК на прашањето кога е снимена фотографијата:
Фотографијата на која се повикувате се чини дека е неодамнешна, веројатно од мај 2025 година, врз основа на објави на социјалните мрежи од тоа време кои ја идентификуваат како средба помеѓу Артан Груби и Еди Рама. Сепак, нема официјални новински извештаи кои ја потврдуваат оваа средба, што внесува одредена неизвесност. Пензионирањето на Груби од политиката во декември 2024 година сугерира дека ова можеби не е официјален политички настан. Без контрадикторни докази, фотографијата веројатно е актуелна, но контекстот останува нејасен.
Засега нема ниту демант ниту потврда за нова средба меѓу Рама И Груби.






