Премерот вели дека во разговор со колеги од соседството бил информиран дека во Македонијаза за еден ден се добиваат дипломи.



„Тоа им прави проблем во нивните држави.

Се срамам. Тоа повеќе не може да се случува, особено што доаѓам од високото образование“ изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање до каде се најавените реформи во високото образование.

Тој рече дека ќе се затвораат сите факултети и универзитети што не ги исполнуваат условите за работа, односно оние што нема да ги отстранат недостатоците во функционирањето  дека на владина седница е формирано тело што треба да воспостави ред во високото образование во земјава.

„Ја задолживме министерката за образование и наука заедно со ова тело да излезе на терен и да направи анализа на сите универзитети и факултети, и државни и приватни. Онаму каде што ќе констатираат недостатоци, да им се даде разумен рок тие недостатоци да бидат отстранети. Доколку тоа не го направат, ќе бидат затворени“, рече премиерот.