Се распадна вселенска ракета на Илон Маск (ВИДЕО)

Пробен лет на вселенското летало Starship на SpaceX  на Илон Маск заврши кобно по низа технички тешкотии.



Леталото успешно се одвои од ракетниот засилувач Super Heavy и ги вклучи шесте мотори, но проблемите започнаа околу пет минути по одвојувањето, кога откажа еден од внатрешните мотори. Во следните неколку секунди откажаа и други мотори.

До осмата минута од летот, речиси сите мотори престанаа да работат, а контролниот тим на SpaceX ја изгуби  контролата над леталото. Десет минути по лансирањето, беше потврдено дека Ѕвездениот брод е изгубен.

Овој неуспех доаѓа по неколку успешни тестови кои овозможија контролирани слетувања во Индискиот Океан.

SpaceX потврди дека искуството од овој лет ќе помогне да се усоврши технологијата за идните мисии.