Се проширува тимот на обвинители, вкупно 11 работат на распит на 300 лица за „Пулс“ – нови контроли за (не)исполнети безбедносни стандарди

Се проширува обвинителскиот тим, кој работи на истрагата за трагедијата во дискотеката во Кочани, каде што во пожар 59 лица го загубија животот, а околу 200 луѓе се здобија со тешки телесни повреди. Вкупно 11 јавни обвинители работат на обемни активности, кои вклучуваат распит на повеќе од 300 сведоци, но и други истражни дејства и соодветни вештачења од повеќе области.

Продолжуваат контролите во јавни објекти низ Македонија за проверка на документацијата, за исполнувањето на обврските од лиценците и дозволите, на техничките услови за работа и безбедносните стандарди.

Извор: Македонска информативна агенција – МИА