Се предаде сведок во истрагата за убиството на Вања Ѓорчевска

Гоце Трајковски, сведок во истрагата за киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска, сам се предаде на полицијата, дознава Плусинфо.



Траковски, кој инаку беше осомничен за подметнување пожарво ноември лани, во кафуле во Кисела Вода се појавил во полициската станица во Кисела Вода, откако по него беше распишана потерница.

Тој активно соработувал со таткото на Вања во обидите да ја пронајдат, беше важен сведок во процесот.

Тие заедно собирале докази и прегледувале видео-снимки, но не се појави на судењето закажано за 15 ноември.

Неговата мајка, Кираца Трајковска, тогаш изјави дека здравствени проблеми го спречиле да сведочи.

Обвинителството подоцна потврди дека Трајковски има статус и на осомничен во случајот со подметнувањето пожар. Според нивните податоци, на 13 ноември.

Тој со уште три лица запалил кафуле кое било лоцирано во станбена зграда во Кисела Вода. Истражните органи продолжуваат да работат на случајот.

Се трага по Гоце Трајковски, сведок за убиствата на Вања и Панче