Се очекува да се нормализира градскиот превоз во Скопје

 

„Испорачана е нафатата, колку возила се пуштени точно не знам, но полека превозот се нормализира.



Според договорот нафта ќе има за седум дена, а во меѓувреме Градот треба да распише тендер за набавка на нафта“ изјави Африм Муча од Независниот синдикат на возачи при ЈСП кој потврди дека нафата за автобусите била испорачана уште вчера вечерта.

Директорот на ЈСП „Скопје“, Драги Кушовски синоќа истакна дека сите автобуси што се во возна состојба денеска редовно ќе сообраќаат.

На синоќешната вонредна седница, советниците во Град Скопје со 29 гласа „за“, усвоија заклучок со кој предлагаат поддршката од Владата за ЈСП „Скопје“ да може редовно и нормално да функционира и да ја обавува дејноста за кое е основано претпријатието, да продолжи и во иднина.

За денеска во 13.30 часот е најавен протест пред Град Скопје кој го иницираше градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш.

Тој вели дека жителите на општината се соочуваат со големи потешкотии, поради долгото чекање на автобусите и недостатокот на јавен превоз, што особено се чувствува во зимскиот период.