Се огласи ВМРО-ДПМНЕ за фрлените амандмани?

„Дали со фрлањето на амандманите некој сакал да испрати порака дека е залуден секаков обид за аргументирана дискусија и правно побивање на неуставните закони? Дали некој сакал да испрати порака дека со доаѓањето на власт на Заев демократијата заврши во контејнер и се ќе биде само како што ќе одлучи СДСМ, колку и да се штетни нивните одлуки за државата и народот?“, изјави Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ, пренесе 24 вести.



Од партијата бараат истрага за инцидентот, а сторителите да бидат откриени и санкционирани.

Порталот „Република“ вчера објави фотографии и видео снимка на кои можат да се видат примероци од амандмани, заверени со архивски број со печат и отпис, во контејнери во близина на Собранието.

https://www.facebook.com/nedelnikrepublika/videos/1677618878925397/

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека некој ги фрлил нивните амандмани за Законот за употреба на јазиците со цел да се попречи распраават на ЗУЈ закажана за утре.

Опозициската партија поднела над 30.000 амандмани на Законот кој беше усвоен во Собранието на 11 јануари, но претседателот Ѓорѓе Иванов одби да потпише указ за негово стапување во сила, по што е вратен во парламентот.

Доколку и овој пат биде прифатен од мнозинството, Законот кој беше донесен со европско знаменце ќе мора да биде потпишан од шефот на државата.