Се зголемува минималецот, но што е со усогласување и на другите плати?!

Просечната плата во јануари e, безмалку, 40.000 денари, но дел од работниците во земјава се со примања далеку под овој износ. Просечната нето плата во јануари изнесува речиси 40.000 денари, објави Статистика. Во однос на истиот месец лани бележи раст од 6,5 проценти.



По објавувањето на новата синдикална потрошувачка кошничка која тежи речиси 59.000 денари, пресметките велат дека две мнинимални плати од овој месец кои ќе изнесуваат 45.000 денари се далеку од доволни да ги покријат основните животни потреби на илјадници домаќинства во земјава. За еден месец трошоците за живот пораснале за 1.500 денари, и тоа е дополнителен удар врз куповната моќ на граѓаните.

Но, намалување на просечната плата е забележано во градежништвото, преработувачката индустрија, поправката на моторни возила, трговија на мало и големо. Сепак од табелите може да се види дека во јануари во повеќе сектори на вработените им била поделена плата од просечните 40.000 денари.

  • За секторот кој ние го застапуваме управа и правосудни органи претставува дека со утврдување на новата вредност на минималната плата истите ќе треба да добијат усогласување – линеарно за износот кој треба да биде зголемена таа минимална плата а веруваме дека ќе биде над 10 проценти,“ велат од ССМ.

Најниска сума е евидентирана во дејноста административни помошни и услужни дејности, нешто над 21.000 денари. Тука се и од преработувачката индустрија. Во делот на производство на облека, кожа била поделена плата од над 25.000 денари. Со слични примања се и некои гранки од секторот земјоделство и шумарство.

Во производството на прехранбени производи, хартија тутун, текстил, платите во јануари биле над 30.000 денари, но не го стигнале просекот. Оние, пак, со далеку повисоки примања и од просечната се вработените во дејноста компјутерско програмирање, каде надминува 90.000 денари, во воздухопловниот транспорт, телекомуникациските услуги, во фармацевската индустрија, а со подобри примања се и оние од финансискиот сектор.