Катастрофални поплави викендов погодија големи делови од централна и источна Европа, а бројот на загинати се искачи на најмалку 16. Уште неколку луѓе се водат како исчезнати.
Шефот на чешката полиција Мартин Вондрашек изјави за локалното радио дека жената се удавила во близина на Брунтал, град со околу 15.000 жители на североистокот на земјата, додека уште седум лица се водат како исчезнати.
Според надлежните, во Чешка, која е меѓу најтешко погодените земји, поплавени се повеќе од 200 населени места. Невремето направи голема штета и во Романија, во која цели села се отсечени од светот поради поплавите.





