Според информациите до кои дојде Плусинфо од сведоци на настанот, автобусот„украинец“ одеднаш почнал да чади кој додека стоел на семафор.



„Го забележав автобусот како целиот е во густ чад. Искрено, не знам дали имаше внатре патници, но го видов возачот како се мачи со ПП апарат да го изгасне пожарот – вели еден од сведоците.

Од скопската противпожарна бргада информираа дека добиле пријава за запален автобус на ЈСП Скопје кај старата општина Бутел и дека пожарот бил веднаш изгаснат.