Се запали дива депонија во скопската населба Злокуќани

Гори уште од една дива депонија во Скопје, конкретно во населбата Злокуќани. Опожарената депонија се наоѓа во близина на ТВ Канал 5 во населбата Карпош. Над стамбените објекти се издигнува густ црн чад, објави „Курир“.



Станува збор за запален смет на депонијата, во која често се случува собирачи на секундарни суровини да палат кабли и друг отпад. Според првичните информации, запалено е насобраното ѓубре на депонијата.

Инаку, со години, дивите депонии се еден од најголемите еколошки и комунални проблеми во Македонија. Во државата има над 50 комунални и стотици диви депонии кои се со висок ризик за животната средина.