Се запали автобус на ЈСП, нема повредени

Автобус на ЈСП се запалил денеска во Општина Сопиште. Автобусот започнал да гори од задниот дел, а во моментот се наоѓал во близина на куќи и дрва.



Патниците благодарение на брзата реакција го напуштиле безбедно возилото и нема повредени. Чад вдишало едно лице на кое му е укажана лекарска помош

-Денеска (25.01.2025) околу 12:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека кај кружниот тек во с.Сопиште, скопско, настанал пожар во автобус на ЈСП во движење. Притоа, едно лице вдишило чад и на местото му е укажана помош од екипа на Итна медицинска помош, а други повредени лица нема. На местото излегла екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје“, информираа од МВР.

Од противпожарната бригада пристигнале веднаш, го изгаснале пожарот и спречиле негово ширење.

Фото : МИА