Утрово околу 7 часот наутро, маж со мачета нападнал луѓе во североисточен Лондон.
Пред тој со автомобилот удрил во куќа.



Лондонската служба за брза помош соопшти дека пет лица биле избодени и пренесени во болници. Меѓу нападнатите, наводно, имало и двајца полицајци.

36-годишниот напаѓач е уапсен, соопшти полицијата. Оттаму додаваат дека не веруваат дека напаѓачот имал помагачи, а истрагата за мотивите на нападот е во тек.

Засега се чини дека нападот не е поврзан со тероризам.

„Мора да беше застрашувачко за оние кои го доживеаја. Знам дека пошироката заедница ќе биде шокирана и загрижена, но не мислиме дека постои непосредна закана за пошироката заедница“, рече заменик-началникот на лондонскиот констабл Аде Аделекан.