Половина милион луѓе учествувале во демонстрациите во Солун вчера, протестирајќи против преговорите за името на Поранешната Југословенска Република Македонија, вели во коментар за телевизијата „Скај“, потпретседателот на конзервативната Неа демократија, Адонис Георгиадис.
Полицијата процени учеството на 90.000 граѓани.

„На митингот имаше 500.000 луѓе“, рече Георгијадис според кој Ципрас се нашол во неволја.
„Ципрас ја започна приказната со Македонија (разговорите за името) за да создаде проблеми со НД (неа демократија), но сега Каменос нема да дозволи”, рече тој, мислејќи на коалициониот партнер на Ципрас, Панос Каменос, кој зазеде поинаков став од Ципрас за потенцијално решение за спорот за името.
„Не знам какви ветувања направил на оние однадвор, но сигурен сум дека тој ќе се обиде да се извлече од македонското прашање, иако има пратеници да го поддржат неговото решение“, рече Георгиадис.
Во неделала, за „Катимерини“, Георгиадис го опиша митингот во Солун како „Глас на народот, гнев Божји“.





