Следува период на претежно сончево и многу топло време, со пораст на дневната температура која од недела насекаде ќе биде над 30 степени.
Во почетокот на следната седмица во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност.
Денеска минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. UV=8
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена.






