Британската актерка Софи Тaрнер, популарната Санса од серијата „Игра на престолот“ и американскиот пејач Џо Џонас, кои се заедно од 2016 година, се пофалија со слика на веренички прстен на социјалната мрежа Инстаграм.

Дваесет и едно годишната актерка, светски позната по улогата на Санса Старк под сликата на Инстаграм, пишува: „Реков да,“ објавува BBC.
На среќниот пар прво им честиташе постариот брат на Џонс, Кевин, а потоа и помладиот, Ник.
„Му честитам на мојот брат … и на идната снаа за свршувачката. Ве сакам“, пишува Ник.
Групата Џонс Брадерс е основана во 2005 година. Браќата Ник, Џо и Кевин Џонас се здобија со популарност со учество на Дизни каналите. Тие се поп-рок група, а јавноста ја забавуваат и со својот специфичен начин на живот.
Момчињата всушност се залагаат за сексуална апстиненција додека не стапат во брак. Тие носат прстени што во САД се познати како „прстени на невиност“, кои ги промовираат христијанските организации.




