Дали судбината на едно четиригодишно дете е дел од лобирањето при избор на претседател на апелациониот суд во Битола, е прашањето кое се наметнува откако оваа институција не одговара на прашањата од медиумите за контроверзниот случај со четиригодишно дете.
Минатата недела нашата редакција во интерес на јавноста упати допис до Апелационен суд во Битола со неколку прашања врзано за предметот ГЖ-1496/24 т.е. постапка за доверување на четиригодишно дете, случајот кој веќе подолго време со внимание го истражуваме.
Според нашите сознанија, во меѓувреме Министерството за социјална политика, демографија и млади поднесло Кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје за еден од актерите во предметот, за кој во меѓувреме се поднесени низа кривични пријави за малтретирањето на мајката и семејството на мајката од страна на семејството на таткото – познат охридски моќник.
Во контроверзниот случај актуелната ВД претседателка на битолската Апелација Жаклина Доведен, од својата претседателската позиција, на самата себе си, односно на судечката судијка Жаклина Доведен со контроверзна одлука и одобрила да го изземе граѓанскиот судија од судечкиот совет и на неговото место по принцип КАДИЈА ТЕ ТУЖИ, КАДИЈА ТИ СУДИ да си назначи кривичен судија.
Овој судија од една страна ниту е стручен да пресудува граѓански парници, ниту пак има каква било претстава за овој комплексен предмет поради кој, односно поради сторени сторени дејствија во истиот, веќе е разрешен директорот на Центарот за социјални работи Охрид.
Откако Доведен која е и шефица на апелација и суди по предметот за четиригошното дете не одговори на прашањата на expres.mk станува појасно што би можело да ја мотивира со толкаво брзање да назначи кривичар во граѓански предмет.
Иако Доведен можела со мирна душа да почека неколку дена, т.е. до 4 Март додека да дадат заклетва трите новоизбрани граѓански судии, таа од причини кои можат само да се претпостават избрзала и себе си и кривичарот и целиот суд ги ставила во незгодна ситуација да бидат предмет на сомнеж за корупција.
Бидејќи Доведен е кандидат за функцијата претседател на Апелационен суд во Битола, а изборот ќе се одржи следниот понеделник, овојпат јавно ѝ се обраќаме со молбата да одговори на поставените прашања.
Со оглед на составот на актуелниот Судскиот совет кој има најниска доверба на јавноста од било кога до сега, во кој сè уште ведрат и облачат разни моќници, со оглед дека актуелниот Претседател на судскиот совет е поранешен ВД претседател на битолската Апелација, јасна е причината за сомнеж за договор по принципот ,,ти мене јас тебе” односно пресуди во нечиј интерес а функции во интерес на тие што ја делат правдата.
На упатени во случајот им е јасно и дека пресудата е можеби веќе донесена, и сега само прашањето кога ќе биде објавена, пред или по изборната седница на Судскиот совет.
Зошто судијката Доведен не можела да почека неколку дена за сложениот предмет (во кој се одлучува дали четиригодишно дете ќе биде дадено под старателство на татко со досие на семеен насилник), да судат граѓански судии и со брзина на светлоста наместила некомпетентен судија кривичар е клучниот момент за кој ВД претседателката на Битолска апелација еден ден ќе мора да одговори, дури можеби и да одговара.






