„Сељаците се такви, а и неписмени се“, реагираше хрватскиот претседател, Зоран Милановиќ, на одлуката на Уставниот суд со која му се забранува нему како шеф на државата да се кандидира како пратеник и, како што најави, иден премиер на Хрватска.



Уставниот суд вчера се закани дека, доколку Милановиќ и СДП постапат спротивно на ова предупредување, може во краен случај да ја поништи одлуката на претседателот за распишување избори.

„Писмен човек, барем оној кој поминал автошкола, има проблем со тоа“, рече тој за уставните судии.

„Апелирам до колегите и граѓаните кои на крајот ќе судат за овој пуч. Тоа е чист државен удар. Ова мора да се реши на избори. На крајот ќе бидам премиер, но нема да и кажам на таа банда како. Ќе бидам кандидат на изборите, како што би можело да биде и на европските избори.

Секако дека нема да си дадам мандат. Што е тука проблемот, неписмени гангстери?“, рече тој.

„Со гангстерите по изборите ќе се справуваме во рамките на Третата република, која ќе биде поинаква, сепак република и сепак демократија. Ова е курвински рај…“ реагираше Милановиќ.

За ваквата одлука на Уставниот суд порталот Индекс.хр спроведе анкета во која онлајн учествувале 65.000 лица.

58 отсто од читателите не се согласуваат со одлуката, а 42 отсто се согласуваат.