Потпретседателот на Движењето Беса, Блерим Сејдиу, изјави дека е убеден дека кандидатот за претседател на „Вреди“, Арбен Таравари ќе оди во вториот круг од претседателските избори.



„За прв пат во Македонија во вториот круг ќе има Македонец и Албанец. Сега нема калкулација, но знам дека ќе го сруши рекордот. Сега што и да кажам, тоа што ќе го кажам ќе потрае многу, но сигурно знам дека ќе го собориме рекордот на гласови во Македонија“, рече Сејдиу во новата емисија „Daily Click“ на ТВ21.

Сејдиу остава простор дека тоа можеби и нема да се случи и вели:

„Ќе им кажеме на граѓаните, ќе им дозволиме, ќе апелираме да излезат и да гласаат за кого сакаат и да бидат слободни за кој претседател мислат“.