Сејдини за директор во ФФМ назначи менаџер кој беше уапсен за фудбалски криминал во Белгија

Со одлука на претседателот Мухамед Сејдини и Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија , поранешниот македонски репрезентативец Драган Силјаноски официјално е назначен за директор на фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година.



Драган Силјаноски пред 5 години заедно со други 40 лица беше дел од големиот скандал, кој го тресеше европскиот фудбал, а кој почна со серија приведувања во Белгија и официјално се прошири и во нашата земја каде се водеше истрага за настани во Белгија.

Драган Силјановски во 2018 година од страна на белгиската полиција беше уапсен за криминално здружување, местење натпревари и перење пари.

Македонецот тогаш беше деветти приведен актер во акцијата наречена „Чисти раце“. Наредната 2019 година Силјановски заедно со Марија Богојевска, партнерка на првоосомничениот агент Дејан Вељковиќ беа условно ослободени. Сиљановски бил ослободен по исплатена кауција, а Богојевска од 30 октомври беше пуштена во домашен притвор со електронска алка.

Силјановски кој е поранешен фудбалер на Напредок, Победа, Работничкии, Слога Југомагнат, Антверпен и на Макаби, бил дел од истрагата како менаџер на хрватскиот тренер Иван Леко, кој беше првоосомничен како предводник на Бриж.

Покрај нашиот Силјановски, тогаш задржани од белгиската полиција беа менаџерот Моги Бајат, неговиот помошник Лорен Денис, менаџерот Дејан Вељковиќ и неговата сопруга, менаџерот Карим Мехати, судијата Барт Вертанен како и двајца директори на белгискиот прволигаш Мехелен, Оливие Сомерс и Тјери Стиманс.

Силјановски кој нема забележителна фудбалска кариера сега е шеф на тимот во ФФМ кој работи со репрезентацијата до 21 година.

„Оваа селекција, според мене, ја има клучната улога во обликувањето на иднината на нашиот репрезентативен фудбал. Тоа го потврдува блиското минато и се разбира сегашноста, ако го гледаме составот на најдобрата македонска репрезентација“, вели Силјановски по изборот.

„И како фудбалер, но и како човек од фудбалот, секогаш сум бил посветен на зајакнување на односите меѓу сите во тимот, се со цел да се искористи потенцијалот за да се направи добар резултат. Се надевам дека со моето искуство ќе донесам некоја нова динамична енергија и во репрезентацијата до 21 година“, заклучува човекот што беше уапсен од Белгиската полиција.

Линк до изјавата на Силјановски на страницата на ФФМ на Фејсбук

https://www.facebook.com/share/v/2kTdmhP1JL2riqGs/?mibextid=oFDknk