Ова го соопшти руската затворска служба.
Цел на жртвите на 50-годишниот Александар Пичушкин биле главно бездомници, алкохоличари или постари лица, а неговиот убиствен поход траел од 1992 до 2006 година, по што беше осуден во 2007 година.
Руските медиуми го нарекоа „шаховски убиец“ бидејќи на детективите им кажал дека за секое убиство планира да стави паричка на еден од 64-те квадрати на шаховската табла.
Серискиот убиец се наоѓа во затвор на рускиот Арктик.
Долго време се претпоставуваше дека тој убил повеќе луѓе од 48-те за што веќе е осуден.
Тој сега им кажал на истражителите дека е подготвен да признае уште 11 убиства на мажи и жени, соопшти руската затворска служба на социјалната мрежа Телеграм.
За време на претходното судење, тој тврдеше дека убил 63 лица, но беше обвинет само за 48 убиства и три обиди за убиство.
Доколку биде осуден за дополнителни 11 убиства, тој ќе стане вториот најсмртоносен сериски убиец во Русија.
Михаил Попков, поранешен полицаец, беше осуден за 78 убиства.
„Високото второ место“ засега го држи Андреј Романович Чикатило наречен „Касапот од Ростов“ кој признал педесет и шест убиства; му беше судено за педесет и три убиства во април 1992 година. Чикатило беше стрелан во февруари 1994 година.






