Најдобрата тенисерка на светот Серена Вилијамс пред некое време објави дека е бремена и во медиумите оваа вест одекна како бомба! Сега таа заедно со нејзиниот свршеник Алексис одеше по црвениот тепих на овогодинешната Мет Гала вечера.



За таа пригода тенисерката се одлучи на долг зелен фустан, кој го истакнуваше нејзиниот заоблен стомак. Тенисерката и нејзиниот вереник не сакаат да го знаат полот на бебето и сакаат тоа да биде изненадување.

Меѓутоа Серена вели дека чувствува дека носи девојче така барем откри нејзиниот вереник во шоуто со Џими Кимел:

„Очигледно, таа го освои Австралија Опен бремена и таа чувствува дека е девојче“. Серена на ова додава: „Низ што се мина ова бебе и како се поднесе како шампион, јасно е дека само жена може да биде толку силна да издржи се“.