Англиската фудбалска јавност деновиве се забавува со навредите што си ги упатуваат менаџерите на Манчестер Јунајтед и Челзи, Жозе Мурињо и Антонио Конте. Португалецот започна кога запрашан зошто не е така емотивен крај аут линијата одговори дека тоа што не се однесува како кловн не значи дека нема страст за фудбал. На ова Италијанецот кој свати дека забелешката се однесува на него рече дека ако некој не се сеќава што правел крај теренот во минатото тоа говори за старечка заборавеност, но потоа Мурињо извади нов адут. Можеби сум правел грешки, но никогаш не сум бил казнет за наместени средби што е алузија на суспензијата на Конте од пред 5 години кога беше казнет за непријавување на наместен натпревар.




