Во Народно ослободителната борба (1941-1945) учествувале дури 127 слатинци, од кои 7 загинале и 9 биле ранети што процентуално, со оглед на тогашниот број жители е веројатно најмногу во цела Македонија. Во нивен спомен на влезот од селото е изграден импозантен споменик. Но тоа тежнение за слобода, за самостојност во Слатино, во славна Дебарца било присутно отсекогаш, па историјата покрај тие од 20 век, ќе се сети и на револуционерите од турскиот јаерм: Никола Аврамов, Ѓорѓи Попангелов, Цветко Неделков, Ѓурчин Петров и многу други.
Најстар пишан податок за жителите на селото е опширниот пописен дефтер на охридскиот санџак од 1582 година каде е наведено дека Слатино имало 327 жители, сите христијани. Во 19 век, Слатино се наоѓало во Охридската каза, нахија Дебарца, во Отоманското Царство.
Сега поради иселувањето во Бугарија, Влашка, Канада, Аргентина и други земји, е многу помало од тоа што требало да биде, но со голем број на викенд куќи и жители на други градови кои никогаш нема да речат и призанат дека се скопјани, охриѓани, битолчани, туку само и единствено, слатинчани.

Селото до пред неколку години имаше и езеро создадено на земјена брана кое овозможуваше и рекреација и риболов, но браната попушти, а Слатино остана без своето водено опкружување.
Затоа тука се четирите светилишта: Слатинскиот Манастир и црквите Света Богородица, Света Недела и Свети Јован Крстител.






