Ссегашните претседателски избори се разликуваат од претходните по тоа што во првиот изборен круг ќе има двајца кандидати од партиите на Албанците, Бујар Османи и Арбен Таравари за кои ќе гласаат етничките Албанци, изјави синоќа во гостување на ТВ Клан Поранешниот кандидат за претседател на државата, Имер Селмани.
Според него, фаворити во првиот изборен круг од македонските кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски, поддржан од СДСМ и професорката Гордана Силјановска Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ.
„Кај Албанците, ситуацијата е поинаква, албанските гласачи ќе бираат меѓу двајцата кандидати, Бујар Османи и Арбен Таравари.
Ќе има жестока дебата затоа што двајцата се исклучително добри и активни на политичката сцена. Кампањата ќе биде доста интензивна, гласачите ќе бидат анимирани за да гласат за некој од нив.
Пендаровски сега не може да ја очекува поддршката од Албанците во првиот изборен круг. Натпреварот ќе биде интересен“, оцени Селмани.






